Манчестер Јунајтед со одлична игра во второто полувреме го совлада француски Ленс (3-1) во премиерниот натпревар на „Олд Трафорд“ во пресрет на стартот на новата сезона.
Француската екипа го надигра тимот на Тен Хег во првиот дел, но затоа во продолжението следуваше целосен пресврт, два брзи гола и рутинска победа на „ѓаволите“. Маунт не реализира пенал во првиот дел, а Онана прими гол од половина терен од Сотока во 23. минута. Во вториот дел сосема поинаков Јунајтед излезе на терен и ги декласира Французите. Рашфорд, Антони и Касемиро постигнаа голови за конечен триумф од 3-1.
Пред натпреварот, пред 70.000 навивачи беше претставен новајлијата Расмус Хојлунд од Аталанта.