Ливерпул и Реал Мадрид вечерва од 21 часот на „Стад де Франс“ во Париз ќе го играат финалето на Лигата на шампионите. Ливерпул групната фаза ја заврши на првото место, додека во нокаут фазата ги исфрли миланските Интер, Бенфика и Виљареал. Реал пак на неверојатнен начин ги мина противниците од втората фаза. Тој го победи ПСЖ во осминафиналето, Челзи во четвртфиналето и Манчестер Сити во полуфиналето.

Ливерпул шест пати ја освојуваше Лигата на шампионите, додека мадридскиот клуб е рекордер со 13 титули. Последното финале на Реал против Ливерпул беше во 2018 година, кога во Киев го победи англискиот премиерлигаш со 3-1, во меч запаметен по сомнителниот старт на Серхио Рамос над Мохамед Салах и грешките на голманот Лорис Кариус.

Ливерпул, од друга страна, стигна до својот шести трофеј во ЛШ во 2019 година. Тогаш избраниците на тренерот Јирген Клоп беа подобри од Тотенхем со 2:0.

Финалниот натпревар на помеѓу Ливерпул и Реал можете да го гледате на следните линкови:

ЛИНК1

ЛИНК2

ЛИНК3