Кремонезе и по 20 кола во Серија А сѐ уште нема ниту една победа, а во Купот на Италија е сензација над сензациите. После шокантната елиминација на лидерот Наполи во осминафиналната рунда, вечерва ги шокираа и Жозе Мурињо и Рома со триумфот за полуфинале со 2-1 на „Олимпико“.
Рома се радуваше откако Кремонезе го елиминира Наполи на пенали на „Диего Марадона“, мислејќи дека има отворен пат кон трофејот. Но гостинот од Кремонезе им приреди таков шок, што на „волчицата“ и Мурињо им преостана шанса за трофеј само во Европа.
Сирил Десерс постигна гол од пенал во 28-та минута за водство на Кремонезе, а потоа Зеки Челик си даде автогол после само четири минути во вториот дел и Рома се најде на раб на бездната. Мурињо излезе со комбиниран тим на натпреварот, но тоа се покажа како самоубиство зашто дури во вториот дел влегоа Дибала, Абрахам, Смолинг, Залевски.
Андреа Белоти во 94-та минута даде гол само да го ублажи поразот и болната елиминација на Рома.
Кремонезе против Фиорентина ќе игра за место во финалето.
Интер кој вчера ја победи Аталанта го чека подобриот од пресметката Јувентус – Лацио за да се комплетира второто полуфинале.