Натпреварите во осминафиналето на Светското првенство за жени само почнаа, а веќе на првиот натпревар видовме несекојдневен автогол, кој го постигна шпанската репрезентативка, Лала Кодина.
Шпанија во дуелот против Швајцарија поведе со голот на Бонмати во 5. минута, по што следуваше најкомичниот гол на турнирот. Кодина ја прими топката на средината на теренот, не смисли попаметно решение, па му ја врати топката на својот голман, но толку лошо што си постигна автогол (види ТУКА).
За среќа на Кодин, „црвената фурија“ на крајот победи со 5-1 и се пласира во четвртфиналето.