Македонецот Димитар Митровски, е во добра форма во новата сезона, па втор натпревар по ред е стрелец во дресот на Вараждин. Но, неговиот тим, иако водеше во најголемиот дел од натпреварот на гости кај Локомотива, на крај освои само бод, 3-3.
Митровски (24) го отвори резултатот, во 19. минута, откако противничкиот голман направи едно лошо исфрлување на топката. Митровски ја пречека на околу 18 метри и со волеј ја смести во празната мрежа.
Водството беше удвоено по само три минути, а Вараждин не запре ни на стартот на вториот дел, кога домаќините намалија на 2-1. Бродиќ со својот втор погодок зголеми на 3-1 и изгледаше оти победата е на дофат. Сепак, Стојковиќ со головите во 71. и во 79. минута изедначи на 3-3 и им донесе бод на домаќините.
Митровски беше изваден од игра по примениот гол за 2-3, а пред изедначувањето. Ова беше негов трет меч и втор гол во новата сезона за Вараждин, кој го запиша и третото реми во три кола од хрватската фудбалска лига. Пред да биде одиграно комплетното трето коло, се наоѓа на шестата позиција со три бода, еден повеќе од вечерашниот ривал.