Килјан Мбапе важи за сигурен изведувач на најстроги казни, но случајот не беше таков кога Французинот го загуби дуелот со голманот на Монпелје.

Мбапе се посрамоти кога по промашениот пенал, го погоди дирекот, одбиената топка се врати кај него и доби нова уште поизгледна шанса. За чудо Мбапе ја испрати топката далеку над голот.