Реал Мадрид ја совлада Валенсија со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и сега повторно има пет бода негатива во однос на лидерот Барселона.

Реал се обидуваше да поведе уште во првиот дел, но не му одеше. Во финишот Ридигер даде гол, но беше поништен поради фаул кој го направи Бензема.

Но, Реал Мадрид поведе брзо во второто полувреме, во 52. минута Асенсио постигна страшен гол за водство од 1-0, со прекрасен удар од далечина.

 

Само две минути подоцна незапирлив трк на ВинисиусЖуниор кој им побегна на дефанзивците на Валенсија, реализира за победа од 2-0.

 

Валенсија мечот го заврши со 10 фудбалери откако во 72. минута Габриел Паулиста доби директен црвен картон по еден крвнички старт врз Винисиус.

 

Со оваа победа Реал Мадрид се врати на -5 бода во однос на Барселона која е лидер на табелата во Ла Лига.