Фудбалерите на Македонија ја победија Малта со 2-1 на арената „Тодор Проески“ со што успешно го отвори новиот квалификациски циклус за ЕВРО 2024 во Германија. Првото полувреме беше скромно, без многу шанси и удари на гол, но вистинското лице Македонија го покажа во второто полувреме.
Македонците тргнаа тргнаа во целосна офанзива што вроди со плод, па нашиот дијамант Елиф Елмас во 66.минута донесе водство, по асистенцијата со глава на Бојан Миовски за огромна радост на македонските фанови. Шест минути подоцна, Дарко Чурлинов по една соло акција од десната страна направи дар-мар, од шеснаесетникот упати силен удар во поблискиот агол и зголеми на 2-0.
No bueno el ESCANDALOSO gol del tanque CHURLINOV.
— Mecedonia 🇲🇰 (@MacedoniaFC) March 23, 2023
VOLVIO LA MACEDONETA PIBE, NOS EXTRAÑASTE? 🚬 🚬 pic.twitter.com/7evC6BCUbt
Но, Малта не се предаде така лесно. Јаник Јанкам во 86.минута ја затресе мрежата на Столе Димитриевски за 2-1, по една гужва и смешна ситуација на гол линијата .
Сепак, Македонија успеа да го одржи водството до крајот на натпреварот. Енис Барди во 90.минута ја погоди гредата од слободен удар. Во финишот, селекторот Благоја Милевски доби црвен картон.