Торински Јувентус се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Рома, Николо Заниоло, пренесува „Газета дело Спорт“.

„Бјанконерите“ сакаат да ја засилат крилната позиција, а поради фактот што се компликува трансферот на Ди Марија, сега ќе се насочат кон Заниоло.

Рома е подготвена да го продаде, но за сума од 50 милиони евра. „Старата дама“ размислува да плати 25 милиони евра и во понудата да вклучи еден играч, Артур или Меккени.