Македонскиот фудбалер, Давор Здравковски го постигна својот дебитантски гол за екипата на Мадервел во гостинската победа од 5-1 кај Рос Каунти.

Здравсковски кој веќе има сериозна минутажа во средниот ред на Мадервел, го постигна својот прв гол во најдобрата шкотска лига.

Во самиот финиш од натпреварот Здравковски погоди по асистенција на Канаѓанецот Тео Бер.

За Македонецот ова беше 25. настап за Мадервел во шкотската лига оваа сезона.