Џирона успеа да слави на гостување во Андалузија кај Севиља со 0-2, ланскиот хит на шпанското првенство ја оствари втората сигурна победа.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски не беше дел од овој натпревар.

https://twitter.com/i/status/1830314403075420291

Со голови на Мартин во 41. минута и Руиз од пенал во 73. минута, Жирона дојде до трите бода од гостувањето кај Севиља.

 

Првпат на клупата за резервни фудбалери остана македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Штипјанецот доби шанса од клупата на првиот меч по доаѓањето против Атлетико, потоа беше стартер против Осасуна, а сега немаше потреба да влегува од клупата.

 

Екипата на Алавес славеше со 2-0 против Лас Палмас, додека во голеадата Осасуна беше подобра од Селта Виго со 3-2.