Најбизарниот фудбалски момент од викендов доаѓа од Колумбија поточно од мечот помеѓу Санта Фе и Јагуарес. На овој дуел Геисон Переа инаку играч на Санта Фе направи потег кој ја шокира целата светска јавност. Тимот на Јагуарес имаше слободен удар во опасна зона, а Переа беше дел од живиот зид. Тој во моментот очигледно решил дека неговиот гол мора да биде одбранет по секоја цена, па на изненадување  на сите ги соблече гаќите. Противникот беше шокиран, гледачите шокирани, како на стадионот така и на тв екраните. Единствен кој не го забележа овој потег беше главниот судија и неговите помошници. Затоа и Переа остана неказнет за овој очигледно налудничав потег. Истиот успеа, голот беше сочуван и тоа во четвртата минута од дуелот. Колумбиските медиуми коментираат дека потегот на Переа е еден од најбизарните моменти . Да е последна минута од дуелот па и некако може и да се оправда неговиот потег, но на почетокот на натпреварот-просто за неверување.