Во мадридсото дерби, шпанските гиганти Реал и Атлетико играат спектакуларен финиш од првото полувреме во осминафиналето од Купот на Шпанија.
Мадридските ривали на пауза заминаа со нерешен резултат – 1-1, откако во 39. Минута Лино донесе водство за Атлетико, додека во првата минута од продолжението Јан Облак несреќно ја смести топката зад својот грб, по еден прекин на „кралевите“. Лука Модриќ шутираше слободен удар, искусниот словенечки голман сакаше да ја боксува топката, но тоа не го направи најдобро и си ја смести топката во сопствената мрежа па донесе голема радост за гостите на „Ванда Метрополитано“.
Инаку, двете екипи пред само осум дена одиграа спектакуларен натпревар во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, на кој Реал по продолженијата славеше со 5-3, а потоа во финалето ја прегази Барселона со 4-1.