Дербито во Ливерпул од 18. коло во Премиер лига, кое се одигра на „Енфилд Роуд“ помеѓу Ливерпул и Арсенал, заврши без победник 1-1.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Гостите од Лондон поведоа во 4. минута со прекрасен удар со глава на Габриел Жесус по прекин на играта, додека домашните израмнија во 29. минута, кога Мохамед Салах постигна фантастичен гол по проигрувањето на Трент Александер-Арнолд.
Во вториот дел немаше многу возбудувања, а најдобрата шанса „црвените“ ја имаа преку Александер-Арнолд, кој во 73. минута ја затресе гредата по феноменален контранапад на Салах, во кој Ливерпул имаше пет фудбалери во однос на само еден дефанзивец на Арсенал.
Арсенал со ова реми ја задржа лидерската позиција со 40 бодови, еден повеќе од Ливерпул и Астон Вила на второто и третото место.