Фудбалерите на Валенсија конечно ја прекинаа низата од пет меча без победа бидејќи вечерва беа подобри од големиот ривал Бетис со 3-0 на „Месталја“ во 14. коло од шпанската Ла Лига.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, односно последниот половина час од натпреварот, кога најпрво Алмеида погоди за водство од 1-0, а потоа Гиламон од пенал зголеми на 2-0, додека Клајверт ја запечати победата на Валенсија во судиското надополнување.
„Лилјаците“ со новата победа се искачија на 10. позиција и имаат 19 бодови, додека Бетис останува на шестото место со 24 бода.