Хоакин Кореа е еден од најголемите малери во 2022 година и се повреди само на четири дена пред почетокот на Светското првенство и нема да игра за Аргентина во Катар.
Играчот на Интер е последниот што даде гол за гаучосите пред стартот на Мундијалот откако погоди за 5:0 против Обединетите Арапски Емирати вчера, а потоа за него стигна исклучително лоша вест.
Поради повреда, ќе мора да си замине дома и нема да игра за еден од фаворитите на шампионатот.
Иако не е член на стартниот состав, 28-годишниот офанзивец на Аргентина е важна алка во ротацијата на двојниот светски првак и тоа ќе биде сериозен удар и за амбициите на гаучосите да ја освојат третата светска круна.
На местото на Кореа дополнително ќе биде повикан нов фудбалер.
Аргентина е во Ц групата со Полска, Мексико и Саудиска Арабија.