Реал Сосиедад издржа пред домашната публика и одигра реми против Валенсија (1-1), иако од 17. минута беше со фудбалер помалку поради црвен картон.
Мечот почна добро за домаќините, кои поведоа со автоголот на Гиламон во 10. минута од средбата, но радоста траеше само седум минути, кога Елустондо доби црвен картон по што следеше вистински пекол.
Лино во 25. минута израмни на 1-1, а „лилјаците“ во продолжение од средбата постојано го напаѓаа голот на Реал Сосиедад, но ударите на гостите беа непрецизни.
Реал Сосиедад има 23 бода на шестата позиција во Ла Лига, додека Валенсија има 16 поени на 11. место.