Големата данска тениска надеж Холгер Руне го покажа својот квалитет во финалето на Мастерсот во Париз и со 2-1 во сетови (3-6, 6-3 и 7-5) го совлада еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ.
Руне најави уште во првиот сет дека ќе биде незгоден ривал, но не ја искористи првата брејк топка на мечот, по што му падна интензитетот на игра, а тоа го искористи Ѓоковиќ кој со еден брејк (3-1) успешно стигна до 6-3.
Србинот го нападна Руне уште на стартот на вториот сет, но 19-годишниот тенисер се одбрани од нападите на Ѓоковиќ, по што му го одзема сервисот за водство од 2-0, а потоа без мака сервираше и го освои сетот со 6-3.
Ѓоковиќ во третиот сет прв стигна до брејк (3-1), но Руне веднаш возврати и израмни на 3-3, по што следеше голема борба, а Данецот со нов брејк поведе со 6-5 и по драма од речиси 20 минути го доби 12. гем кој му ја донесе титулата во Париз.