Екипата на Монца  оствари четврта победа во Серија А откако вечерва беше подобра од Верона со 2-0, додека Фиорентина на незгодното гостување кај Сампдорија славеше со 2-0.

Верона успешно се бранеше 68 минути, иако од 27. минута играше со играч помалку, но сепак во завршницата Аугусто и Колпани стрелаа за триумф на Монца.

Фиорентина постигна по еден гол во двете полувремиња, и тоа Бонавентура во четвртата минута, како и Миленковиќ во 58. минута за победа од 2-0.

Екипата од Фиренца е на 11. место со 16 бодови, колку што има и Болоња, додека Сампдорија е претпоследна со шест поени, а Верона има еден помалку на дното.