Поранешниот француски шампион Монако ја запиша втората победа по ред во Лига 1, откако славеше со 2-0 против Тулуз и така се врати во трката за топ-3.

„Кнезовите“ го решија мечот во своја корист со два гола во второто полувреме, и тоа откако прво Головин испрати проектил во противничката мрежа за 1-0 во 46. минута, а потоа Емболо со глава ја „закова“ топката за победа од 2-0.

На останатите натпревари Ремс го совлада Нант со 1-0, а победа оствари и Ница против Брест со 1-0, додека Клермон и Монпелје одиграа нерешено (1-1).