Манчестер Сити без поголеми проблеми на „Итихад“ го победи Лутон. Сити го торпедира противникот, и ја наполни мрежата на ривалот (5-1), а Пеп Гвардиола и фудбалерите ќе преспијат како лидери на табелата, со оглед дека Арсенал и Ливерпул своите мечеви ги играат утре.

 

Хашиока во втората минута си постигна автогол уште при првиот притисок на „граѓаните“, а Матео Ковачиќ зголеми на 2-0 во 64.минута.

https://twitter.com/i/status/1779169202617647298

Ерлинг Халанд од пенал постигна трет гол во 76.минута.

Рос Баркли во 81.минута стрелаше за Лутон, но до крајот погодија и Жереми Доку и Јошко Гвардиол за Сити.

https://twitter.com/i/status/1779174959824196008 https://twitter.com/i/status/1779176700657435119

Брентфорд го победи Шефилд Јунајтед со 2-0, а Барнли и Брајтон ремизираа 1-1. Нотингем Форест и Вулверхемптон одиграа 2-2. Во првиот меч од денешната програма, Њукасл го декласира Тотенхем со 4-0.