Лајпциг и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во првото четвртфинале во Лигата на Европа. Вечерва во Германија, гостите со голот на Луис Муриел први дојдоа до предност во 17. минута и успеаја истата да ја задржат се до 58. минута, кога домашните добија пенал.
Иако Андре Силва во првиот обид не успеа да го реализира ударот од 11. метри, неговиот пропуст не успеа даго поправи Орбан. Голманот на два пати одбрани, но во следната акција по нафрлањето на Анхелино несреќниот Запракоста си постигна автогол кој на домашните им донесе ветувачко реми пред реваншот во Бергамо. Имаше многу шанси и на двете страни но на крајот немаше победник.
Во првиот четвртфинален меч од УЕФА Конференциската лига, во вистинска драма со два пресврти на крајот немаше победник. Феенорд на дуелот со Славија Прага поведе преку Синистера во 10. минута, но Чесите приготвија пресврт за 2:1 со головите на Олајинка (41’) и Сор (67’).
Домашните не се предадоа, па најпрво Сенеси во 74. минута погоди за 2:2, додека Кокчу по една голема грешка на гостинскиот голман во 86. минута го донесе составот од Ротердам до водство од 3:2.
Во моментите кога се чекаше крај, Траоре успеа да погоди за Славија и да го затвори мечот со конечни 3:3.