Фудбалерите на Наполи го победија Ајнтрахт Франкфурт со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Наполи моментално е лидер во Серија А и во Лигата на шампионите одлично започна во нокаут фазата од натпреварувањето победувајќи го Ајнтрахт во Франкфурт.

Овојпат резултатот 2:0 беше доволен за победа на италијанскиот тим во меч во кој доминираше од првата до последната минута.

Во првото полувреме, домашните само трипати шутираа кон голот на Наполи, а ниту еднаш топката не отиде во рамката од голот, додека топката речиси постојано беше во посед на Наполи.

Во 36. минута имаа огромна шанса кога Осимхен беше соборен во шеснаесетникот и беше досуден пенал, но Кварацкелија шутираше лошо, а Кевин Трап го одбрани пеналот!

Само четири минути подоцна Осимхен и побегна на одбраната на Ајнтрахт и асистенцијата на Ирвинг Лозано ја претвори во гол и водство од 1:0.

Само минута подоцна, тимот од Франкфурт ја загуби топката на средината на теренот, па Наполи тргна во нов контра напад и повторно Лозано нафрли за Осимхен кој повторно беше прецизен од шеснаесетникот, но овој пат неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Наполитанците водеа со резултат 1:0, а кога започна вториот дел поради прекршок и остар старт со ѓон, Коло Муани доби директен црвен картон и го остави Франкфурт да се бори со играч помалку.

Долго не можеа да го издржат притисокот, па по уште една добра акција и додавање на Кварацкелија со пета за Ди Лоренцо, следеше гол број два и големо водство на гостите од југот на Италија.

До крајот на мечот немаше нови голови, но видовме можности за Наполи, додека Ајнтрахт на крајот успеа да издржи иако играше со играч помалку.

Повеќе од половина час игра беа без удар кон голот на Наполитанците во вториот дел, што е доволен показател за доминацијата на италијанскиот тим.

Предноста од два гола пред реваншот во Неапол ги става во многу добра позиција за пласман во четврт-финалето, а дали тоа ќе биде така ќе видиме по уште 90 минути игра.

Елиф Елмас влезе во игра во 80 минута на местото на Лозано .

https://www.dailymotion.com/video/x8ii8qr