Фудбалската репрезентација на Уругвај се наоѓа на чекор до пласман во четвртфиналето на Копа Америка. Фудбалерите на Марсело Биелса демонстрираа моќ против Боливија во Ист Радерфорд, едноставно ја прегазија со 5-0 (2-0).
Напаѓачот Дарвин Нуњес постигна гол на седмиот последователен натпревар за „селесте“ тимот. Уругвајците до предност стигнаа уште во осмата минута кога Факундо Пелистри ја затресе мрежата на Боливија.
Нуњез во 21. минута зголеми на 2-0, со тој резултат се замина на пауза. Во второто полувреме стрелци за Уругвај беа Максимилијано Араухо во 77-ма, Федерико Валверде во 81-ва минута и на крајот Родриго Бентанкур во 89. минута, стрелаше за конечни 5-0.
Така, Уругвај е убедливо на чело на групата со шест бода и гол разлика 8-1, а за да се пласира во четвртфиналето од лидерската позиција, доволно ќе му биде да не загуби од Соединетите Американски Држави во последното коло. Селекцијата на Панама беше подобра од домаќинот, САД (2-1).