Сега тој бесно за шпански „АС“ порача дека Ајакс му ги урнал соништата, зашто добил понуда која не се одбивала, ама…
„Ајакс ме разбра, тие имаа свои сметки, но за мене ова беше голема штета. Ова беше шанса што не се пропушташе, а да ве бара Барса е единствена шанса, исполнување на сон. Разочаран сум и мислам дека сам на себе си направив штета што останав мирен. Ајакс не ми помогна да си го остварам сонот, туку напротив не добив ни одговор дали ќе ме пуштат или не“, рече Таљафико.