Македонецот го признал делото и се покајал, поради што судијата ја суспендирал затворската казна и истата ја заменил со условна санкција во траење од две години, со напомена дека таа ќе биде извршена ако Барди во следните 730 дена направи било какво друго кривично дело.
Барди лани во април бил запрен возејќи Порше Панамера во северниот дел од Валенсија, пти што му била побарана документација за автомобилот, како и возачката дозвола. Еден од полицајците кои го сопреле се посомневал во валидноста на дозволата, која била испечатена во формат на пластична картичка. Истовремено, полицијата открила дека недостасуваат и други безбедносни ознаки откако го прегледале документот со ултравиолетова светлина, поради што го пријавила случајот.