Холанѓанецот Лук де Јонг од ПСВ Ајндховен е фудбалер кој сезонава има најголем придонес во постигнати голови на неговиот тим. Тој со 42 гола, во кои бил вклучен како стрелец или асистент, е лидер на оваа табела.
Зад Де Јонг се Ѓокереш од Спортинг Лисабон, Мбапе, Кејн, Халанд, итн.
Де Јонг командува со ПСВ, кој е непоразен и е убедлив лидер на Ередивизие, а уште е во игра и во Лигата на шампионите по првиот осминафинален натпревар, во којшто одигра 1-1 против Борусија Дортмунд, со гол токму на Де Јонг! Гол со кој Лук ги надмина осумте на Ван Нистелрој во дресот на ПСВ во најсилното континентално натпреварување.