Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, изјави дека е ептен лут на „Панини“ зашто го изоставиле од составот на Бразил за Светското првенство во Катар.
Причина за тоа е фактот што секоја селекција во албумот на Панини е претставена со максимум 18 фудбалери, поради што во секоја од нив се изоставени десетина потенцијални кандидати за претстојниот Мундијал.
„Кога играте во Реал Мадрид, шансите да одите на Светско првенство се поголеми. Знам дека уште морам да работам, но не кријам дека сум фрустриран што ме нема во албумот на Панини. Според мене, мора да бидам таму, а зошто ме нема, навистина не знам“, изјави Родриго.
Кариоките имаат напаѓачки дел од соништата, поради што Родриго отпаднал од листата, нешто што не го прифати баш најдобро.