Ерик тен Хег ги „распарчи“ своите играчи, опишувајќи го настапот на Манчестер Јунајтед во поразот од Брентфорд со 4-0 како „ѓубре“. Холанѓанецот беше принуден да им се извини на симпатизерите на клубот по само два натпревари од неговиот мандат. За прв пат од 1992 година, Јунајтед е последниот тим од Премиер лигата на табелата.
Јунајтед за прв пат прими четири гола во првите 35 минути од еден натпревар во Премиер лигата, додека Тен Хег стана првиот тренер на Црвените Ѓаволи кој ги загубил првите два натпревари во целиот век.
„Сосема е јасно дека тоа беше ѓубре, тоа беше лош фудбал и ни треба повисок стандард од тоа. Можам да споменам неколку работи, но изгледа како да барам изговори. Ја започнуваш играта и правиш индивидуални грешки, но може да се случи една грешка , но втора,па трета… Тоа не е прифатливо. Играчите мора да го знаат тоа“.
Тен Хаг истакна дека токму играчите требало да ја преземат одговорноста за поразот.
„Тимот мора да преземе одговорност и жал ми е за навивачите, ги изневеривме“.