Дека годините се само бројка, а класата е вечна, докажува хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, кој беше еден од клучните играчи (покрај Карим Бензема кој даде хет-трик) во пресвртот на Реал Мадрид против ПСЖ.
Првиот дел беше лош за Хрватот, меѓутоа во второто полувреме гледавме еден нов, свеж Модриќ, полн со енергија. Врвот на натпреварот малиот гениј од Хрватска го достигна при вториот гол, кога прво истрча цел терен, а потоа со луциден потег, низ нозете на Кимпембе, асистираше до Бензема.
Французинот постигна гол за 2-1 и така го остави Реал Мадрид „жив“ во Лигата на шампионите, воедно се најави и пресвртот кој пристигна 100 секунди подоцна. Модриќ има 36 години, но игра како да има 26. Поседува феноменален менталитет, квалитет и е вистинска класа.