Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино веќе беше „прежален“ во Париз, но во последните неколку недели ситуацијата околу неговото заминување од клубот се смири, па гласините за потенцијална разделба и избор на нов тренер на „светците“ стивнаа.
Сеуште се мали шансите Покетино да остане на клупата на ПСЖ, но се уште не се знае кој би го заменил Аргентинецот на „жешката“ клупа на новиот француски шампион.
Според угледниот спортски весник Л’Екип, „кочница“ за заминувањето на Покетино од клубот е неговиот договор кој истекува на лето следната година. Затоа, раководството на ПСЖ би морало да му плати дури 15.000.000, доколку сака да го разреши од функцијата шеф на струката.
На младиот стручњак не му паѓа на памет да поднесе оставка и да ги загуби загарантираните милиони, па тоа е тешка одлука за челниците на ПСЖ. Дали да се исплати актуелниот тренер и да започне посериозна потрага по негова замена или да го остави Покетино на клупата на уште една сезона.
Како опции за наследник на аргентинскиот тренер се споменуваат Зинедин Зидан, Антонио Конте, Јоаким Лев, Тијаго Мота и Марсело Гаљардо, но ниту еден од овие кандидати нема апсолутна поддршка од луѓето во клубот,а ако се додадат 15.000.000 евра, што би ги чинеле парижаните за отказ на Покетино, опцијата за негово останување се чини прифатлива.