Тинејџерот Ламин Јамал поради повреда не беше ниту во составот на Барселона за вчерашниот натпревар против Реал Сосиедад, а во текот на натпреварот се повредил и напаѓачот Роберт Левандовски.

Јамал се повреди на гостувањето во Белград против Црвена Звезда и не беше ниту на клупите за резерви. Левандовски од друга страна во дуелот на „Сан Себастијан“ се здобил со повреда на грбот.

Барелона ги потврди повредите на двајцата фудбалери, Јамал ќе паузира две до три недели, додека Левандовски се очекува да биде спремен за десет дена.

„Тестовите утринава покажаа дека фудбалерот Ламин Јамал има истегнување на зглобот од прв степен. Се очекува да биде надвор од теренот две до три недели. Роберт Левандовски заработи повреда на долниот дел на грбот. Тој ќе биде надвор од теренот околу 10 дена“, објави каталонскиот клуб.