Лука Дончиќ и Далас убедливо го совладаа Феникс Санс со 113-86 и се изборија за седми натпревар во полуфиналето во Западната конференција. Маверикс мечот го решија во втората четвртина, на одморот заминаа со предност од 15 поени, која до крајот без проблем ја одржуваа.
Во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна 33 поени, 11 скока и осум асистенции. Токму неговиот учинок беше подобар од ударниот тандем на противникот, Букер и Пол, кој заедно постигнаа 32 поени, 10 скока, седум асистенции и дури 13 изгубени топки, осум од нив беа на Букер.