Домашниот тим се избори за триумф од 84-79, а меѓу најзаслужните за истиот беше токму Магдевски кој за 23 минути на паркетот уфрли 18 поени со што беше втор стрелец во својот тим зад Хамонд (23), плус запиша 2 скока и додели 6 асистенции (најдобар во оваа категорија заедно со Џексон од поразените)
Плоешти со учинок од 10 победи и 11 порази се наоѓа на 9 место на прволигашката табела. Наредниот предизвик за Андреј и колегите е дуелот против Крајова која во моментов е на 4 позиција со 35 поени.