Гвардиола пронајде „виновник“ за ремито на Манчестер Сити на гостувањето кај Кристал Палас.
Шпанскиот тренер не беше задоволен од изгледот на тревата на „Селхрст Парк“. По натпреварот тој се пожали дека конечниот резултат се случи по вина на изгледот на тревникот.
„Има уште многу натпревари за играње, мора да победиме многу натпревари, но мора да бидеме задоволни од начинот на кој одигравме. Ние повеќе би сакале да победевме, но средбата беше добро одиграна од наша страна. Игравме за да го добиеме натпреварот, создадовме повеќе, начинот на кој игравме беше неверојатен на тежок стадион со тревата не толку совршена“, изјави предводникот на „граѓаните“.
Кристал Палас му направи услуга на Ливерпул, кој води „мртва трка“ со Сити за титулата во Премиер лигата.