Тимот на Лестер ја прекина мини-кризата во вистински момент и со серија победи го потврди првото место во Чемпионшип лигата, или поточно кажано, го официјализира своето експресно враќање во Премиер лигата.
Варди веќе е фудбалски ветеран и на 37 години полека влегува во завршницата од својата кариера, но страста која ја покажува и емоциите кои ги има во себе ги прават горди фановите на Лестер.
Човекот кој ја освои Премиер лигата доаѓајќи од најниските фудбалски лиги во Англија прерасна во вистинска фудблскиа легенда на Лестер, а за навивачите вчера посебно интересно беше и неговото шутирање на топката на празен гол во моментите кога го постигна вториот гол.