Аргентина води со 1-0 против Хрватска со голот на Лионел Меси во 34. минута од пенал, откако претходно голманот Доминик Ливаковиќ направи прекршок над Хулијан Алварез во казнениот простор.

Ливаковиќ го „прочита“ Меси и скокна на вистинската страна, но ударот на Аргентинецот беше пресилен и не успеа да го запре.