Аргентина вечерва ќе се соочи против Хрватска од 20 часот во првото полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, а на социјалните мрежи се појави хит снимка од аргентински навивачи за кои се тврди дека се „загреваат“ за дуелот со „коцкестите“.
Навивачите се надеваат дека Аргентина ќе им се одмазди на Хрватите за поразот во 2018 година во Русија и ќе избори финале, а на видеото може да се забележи дека фановите се „наоружани“ со знамиња и со тенк се движат по улица.
https://twitter.com/433/status/1602642665169903617?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1602642665169903617%7Ctwgr%5E7d4ccd311304ee67c7c6a0204f42b9934bd36c1b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fpacienti%2Fludilo-argentinci-so-tenk-se-podgotvuvaat-za-mechot-protiv-hrvatska-video