Спортинг Лисабон по 20. пат во својата историја стана шампион на Португалија.

Избраниците на тренерот Рубен Аморим ја одбранија титулата, откако Бенфика загуби со 2-0 на гостувањето кај Фамаликао и остана без шанси да ги надмине „зелено-белите“ кои имаат осум бода предност пред последните две рунди.

Головите за Фамаликао ги постигнаа Пума во 71. минута и Зајда Јусуф на пет минути пред крајот на натпреварот.

Најзаслужен за одбраната на „круната“ на Спортинг Лисабон е фантастичниот напаѓач на „лавовите“ Швеѓанецот Виктор Ѓокереш, кој е најдобар стрелец во шампионатот со 27 постигнати голови.