Италијанскиот тенисер и светски рекет број еден Јаник Синер го совлада Американецот Бен Шелтон со 3-0 во сетови, односно 6-2, 6-4 и 7-6 за пласман во четвртфинале на Вимблдон.

Синер имаше одличен старт на натпреварот, откако во петтиот гем направи брејк, а потоа сервира успешно за 6-2.

Шелтон не можеше да му парира на Синер ниту во вториот сет, па италијанскиот тенисер со 6-2 стигна до убедлива предност на натпреварот.

Во третиот сет имаше голема драма, посебно поради добрата игра на младиот Американец кој се избори за тај-брејк, меѓутоа Синер беше подобар со 11-9.

Синер во четвртфинале ќе игра против Данил Медведев.

https://twitter.com/i/status/1809999807831752961