Кошаркарите на Грција ја здробија Словенија со 96:68 во денешното полуфинале на олимписките квалификации на турнирот што се игра во Атина.
Грците важеа за фаворити на овој дуел не само поради предноста на домашниот терен туку и поради свежината и она што го прикажаа на претходните натпревари, статус кој го потврдија со вистинска лекција за избраниците на Секулиќ.
Нашиот јужен сосед имаше пеколна прва четвртина која ја доби со 32:14, па лесно се справија со противникот во останатиот дел од средбата, па сега мирно ќе можат да го дочекаат ривалот за финалето кој ќе биде подобриот од Доминиканска Република и Хрватска.
Лидер кај победникот беше Вокап со 19 поени, 6 скока и 2 асистенции, додека Дончиќ кај поразените реализираше 21 поен со 7 скока, 5 асистенции, но имаше дури 10 загубени топки.
Само победникот на турнирот обезбедува билет за ЛОИ во Париз.