Халанд во 10. минута за првпат се запиша во листата на стрелци, а вториот погодок го постигна од пенал во второто полувреме. Надежта на гостите ја врати Форсберг, кој намали на 1-2 во 62. минута и дуелот влезе во интересен финиш.
Швеѓаните тргнаа по реми, но нивните надежи ги урна Норвешка со третиот гол на натпреварот во 77. минута (3-1), додека вториот гол на гостите беше постигнат во 95. минута.
Интересно е тоа што Халанд постигна пет од шест погодоци за Норвешка во јуни, па така погоди за триумфи против Србија од 1-0, како и Шведска со 2-1 и 3-2.
Норвешка е прва на табелата со 10 бодови, односно четири повеќе од Србија. Шведска има три, а Словенија само еден.