Футсал репрезентацијата на Македонија го освои првиот бод во квалификациите за Светското првенство (СП). Нашиот национален тим на домашен терен ремизира против големиот фаворит Италија (3-3) со гол даден во последните секунди од мечот.
Во СЦ „Јане Сандански“ нашата најдобра селекција предводена од селекторот Скендеровски се спаси од пораз во заден час. „Аѕурите“ имаа предност и водеа со 1-3 на четири минути пред крајот, но со два гола сето тоа им падна во вода.
Гостите преку Мота и Ло Сисеро во првото полувреме имаа 0-2, а Рамадани пред паузата намали на 1-2, што беше резултат и на полувремето. На стартот на второто полувреме, Италија со нов гол на Мота дојде до 1-3. Сите мислеа дека гостите ќе триумфираат, ама прво Ло Сисеро си даде автогол во 36. минута, а на три секунди пред крајот погоди Крстевски за 3-3.
Македонија во првата квалификациска рунда загуби од Шведска на гостински терен.