Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа ги разочараа своите навивачи откако ремизираа без голови против Клуб Бриж на „Ванда Метрополитано“. Белгијците се пласираа во осмина-финалето на Лигата на шампионите, а Атлетико падна на третото место во групата Б и во последните две кола го очекува жестока борба за нокаут фаза.
Навивачите се оправдано незадоволни, а некои играчи ги делат истите чувства. Жоао Феликс е во фокусот на вниманието.
Синоќа немаше место за најскапиот играч во историјата на Атлетико Мадрид дури и кога бркаа победа. Диего Симеоне ги направи сите пет замени, во еден момент Феликс се подготвуваше да влезе во игра, но гледајќи дека пред него на терен ќе влезе Аксел Витсел, го фрли дресот на земја.
Неговата минутажа во последно време е повеќе од скромна. Поранешното чудо од Бенфика нема одиграно цел натпревар од средбата со Реал Сосиедад на 3 септември.
Очигледно нешто не е во ред во односот меѓу Симеоне и Феликс, а се погласни се шпекулациите дека 22-годишниот Португалец би можел да замине. За него постои интерес од Јувентус и од Манчестер Сити.