Челзи и Ливерпул одиграа 2-2 во големата пресметка на „Стемфорд бриџ“ и му завршија голема работа на актуелниот шампион Манчестер Сити кој сега има огромни десет бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата.
„Црвените“ беа без Јирген Клоп, но и без Алисон на голот, како и Фирмино и Матип поради проблеми со Ковид-19, но Садио Мане и Мохамед Салах без во елемент и експресно донесоа водство од 0-2.
Сепак, Челси успеа да се врати комплетно уште во првиот дел. Матео Ковачиќ со фантастичен волеј намали во 42.минута, а Кристијан Пулишиќ во 45.минута израмни на 2-2.
Возбудата не изостана и во второто полувреме, но немаше голови, па на крајот големите ривали поделија по еден бод.