Напаѓачот на Евертон Ричарлисон објасни зошто се судри со соиграчот во бразилската репрезентација , Винисиус Жуниор.
Ричарлисон и фудбалерот на Реал Мадрид влегоа во конфликт на тренингот пред пријателскиот натпревар против јапонскиот тим на кој Бразил славеше со голот на Нејмар со 1-0.
„Прво ми рече дека не можам да ја освојам Лигата на шампионите. Јас молчев. Тогаш рече дека сум преценет, молчев. После тоа рече дека Евертон ќе испадне од Премиер лигата следната година, јас молчев. Меѓутоа, кога рече дека е Лукаку е подобар од мене, изгубив контрола“, изјави Ричардсон, а пренесуваат бразилските медиуми.
Нејмар, Дани Алвеш и други играчи спречија поголем конфликт меѓу Ричардсон и Винисиус на тренинг.