Давид Шумахер, внукот на седумкратниот светски првак Михаел Шумахер, заработи сериозна повреда во несреќата на автомобилистичката трка во Хокенхајм.
Младиот возач изгуби контрола врз автомобилот и излета од патеката, по што удри во заштитниот ѕид и во прв момент не делувало дека е повреден, но медицинските прегледи покажале дека станува збор за сериозна повреда.
„Кога Давид се врати дома, почна да се жали на болки во грбот. Бевме во болница за да направиме снимка и забележавме дека му е скршен пршлен, па тоа значи дека ќе паузира најмалку шест недели“, кажа неговиот татко и поранешен возач Ралф Шумахер.
https://twitter.com/DeportesCuatro/status/1580264538284302336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1580264538284302336%7Ctwgr%5E5768c176741982f82dc07d3268c0d7b2e497bea6%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkoli-motori-i-trki%2Fnova-nesrekja-vo-semejstvoto-shumaher-vnukot-na-mihael-zaraboti-seriozna-povreda