Екипата на Милан нема победа на четири натпревари во Серија А, а на „Сан Сиро“ бод освои и Џенова. Голеадата на крајот заврши 3-3.

Ретеги во петтата минута од пенал донесе водство за Џенова, а израмни Флоренци пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме продолжи голеадата, а стрелците влегоа во одличен ритам. Екубан повторно донесе предност за Џенова, но израмни Габија во 72.минута.

Само три минути подоцна Оливие Жиру се погрижи за пресврт, но, сепак, Милан не успеа да победи, откако автогол си постигна Малик Тијао.