Во недела се игра последното коло од Премиер – лигата во кое ќе се решава титулата. Манчестер Сити ја пречекува Астон Вила, додека Ливерпул ќе му гостува на Вулверхемптон.

„Граѓаните“ имаат бод повеќе од Ливерпул и со победа на „Итихад“ ќе ја обезбедат титулата, а токму тој натпревар има интересна предигра. Имено, минатото лето од Астон Вила го купија Џек Грилиш, а во договорот има клаузула за бонус од 15 милиони фунти доколку Сити ја освои Премиер – лигата.

Тоа значи дека Астон Вила доколку загуби во последното коло ќе добие бонус од 15 милиони фунти. Иако никој не се сомнева во професионалноста на клубот од Бирмингем, сепак сите велат дека Астон Вила ќе има добри причини за да забележи пораз.