Македонските интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се на прагот на освојување на нова шампионска титула во Хрватска со Динамо Загреб. „Сините“ го добија со пресврт големото дерби против Ријека на гости со 1-2 и сега имаат четири бода предност пред овој тим на врвот на табелата.
Ријека имаше солидна бодовна предност, но Динамо Загреб уште еднаш покажа дека е најквалитетен тим во Хрватска.
Марко Пјаца од пенал ја доведе Ријека во водство во 49.минута, но Динамо Загреб одговори во финишот на дуелот. Бруно Петковиќ во 75.минута успеа да израмни, а Арбер Хоџа во 89.минута го постигна победоносниот гол за Динамо Загреб.